Со помош на пипети , мали количини на ДНК биле ставени во надворешните делови за товар на ракетата и испратени во вселената. По враќањето на леталото повторно на Земјата , молекулите од ДНК се наоѓале на местата каде што биле поставени. И тоа не е единственото изненaдување. Остатоците од ДНK се’ уште биле во состојбa да ги пренесат генетските информации на бактериите и клетки од сврзно ткиво.
Спонтана „втора“ мисија
Идејата за овој експеримент што научниците го нарекуваат „DARE“ (DNA atmospheric re-entry experiment) се појавила спонтано. Мисијата „TEXUS-49“ била спроведена со цел да се проучи влијанието на гравитацијата во регулацијата на генетскта експресија во човечките клетки , со користење на далечински управуван хардвер поставен во внатрешноста на ракетата. Во текот на подготовките на мисијата, научниците дошле до идеја да проверат дали надворешните структури на ракетата би биле погодни за тестирање на т.н. „биопечати“. Биопечатите се молекули кои можат да докажат постоење на вонземски живот во подалечно или поблиско минато.
ДНК преживеa во најекстремни услови
Набрзина осмислениот втор експеримент , првично требало да претставува пред -тест за проверка на стабилноста на биомаркерите за време на летот во вселената и при неговото повторно влегување во атмосферата. Добиените резултати биле потполно неочекувни за истражувачите. Експериментот покажал дека генетските информации од ДНК се во суштина способни да ги издржат екстремните услови во вселената и да бидат во состојба да ги пренесуваат своите генетски информации.
Многу научници сметаат дека е можно ДНК да стигне до нас од вселената, преку огромните количини вселенска прашина и метеори што секојдневно ја погаѓаат Земјата, бидејќи Земјaта не е изолирана.
Ваква извонредна стабилност на ДНК на условите во вселената , исто така би требало да се земе како фактор во интерпретација на резултатите добиени од потрагата по вонземски живот.
„Овие резултати покажуваат дека не е невозможно, и покрај големите мерки на претпазливост, вселенските бродови да носат и земска ДНК до местото каде слетуваат. Ова мора да биде под контрола при потрагата по вонземски живот “, нагласуваат научниците.