Доделена Нобелова награда од областа на ласерската физика

Овогодинешната Нобелова награда за физика заврши во рацете на Артур Ашкин од САД, Жерар Муру од Франција и Дона Стрикленд од САД за откритија од областа на ласерската физика.

Ашкин беше награден за развивањето на ласерска техника, позната како оптичка пинцета со чија помош се проучуваат биолошките системи. Воедно, со своите 96 години, тој е и најстариот добитник на Нобелова награда во историјата.

Другиот дел од наградата ја добија Муру и Стрикленд за нивниот метод за генерирање на високо-интензивни и ултра-кратки оптички импулси што се применуваат во корективната очна хирургија.

Нобеловиот комитет наведува дека откритијата кои се наградени оваа година донесоа револуција во областа на ласерската физика.

Ашкин, Муру и Стрикленд

 „Мора да ги славиме жените физичари, бидејќи ние постоиме. Среќна сум што сум една од тие жени“ – вели Стрикленд.

Дона Стрикленд, Жерар Муру и Артур Ашкин ќе поделат премија од девет милиони шведски круни.

 

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.