![Nobel Prize 2018 in Medicin announced in Stockholm](https://enauka.mk/wp-content/uploads/2018/10/nobelova_nagrada_za_medicinu_aps_589196140.jpg)
Американецот Џејмс Алисон од Универзитетот во Тексас и Јапонецот Тасуку Хонџо од Универзитетот во Кјото, оваа година добија Нобелова награда за медицина за откритија од областа на имунотерапијата за лекување на ракот.
Нивните откритија се сметаат за пресвртница во борбата против ракот – се наведува во образложението. Алисон и Хонџо ќе ја поделат наградата од милион долари.
Овогодишните лауреати покажаа како различните стратегии за спречување на “кочниците” во имунолошкиот систем можат да бидат искористени за лекување на ракот.
Алисон ги изучувал протеините кои функционираат како кочници во имунолошкиот систем и увидел дека постои можност да се спречат истите и со тоа да се ослободат имунолошките клетки да го нападнат туморот.
Паралелно, Хонџо откил протеин на имунолошките клетки кој после внимателно испитување открил дека неговите функции се како кочница која го спречува нападот на клетките на туморот. Терапиите кои се засновани на неговото откритие, се покажале како ефикасни во борбата против ракот – се наведува во образложението.