Доколку сте сонувале дека живеете во печурка, внимавајте. Сонот може да стане реалност!

Органската материја, настаната при процесот на распаѓање и рециклирање наскоро би можела да послужи за изработка на тули за изградба на разни објекти, а таквата материја ја поседуваат печурките.

Печурките доминираат со ниска вегетација веќе милиони години. Нивната единствена способност за разлагање на органски материи им овозможува да живеат од други организми.

По неколку децении на истражување и развој, научниците беа во можност да пронајдат технологија која ќе им овозможи на инженерите да ги користат печурките како главен градежен материјал на иднината.

Видливиот дел од печурките претставува само нивел мал дел. Под површината на печурката може брзо да израсне тенок корен наречен мицелија. Во последниов период, научниците развиле начин како да ја искористат оваа мрежаста формација за да создадат бројни материјали, вклучувајќи и тули.

Архитектонскиот тим по име The Living, ја проектирал првата кула од тули направени од печурки уште во 2014 година. Тимот ги направил тулите исклучиво од печурки израснати на земјоделски отпад.

Тимот соработувал со структурни инженери со цел да проектираат зграда изградена целосно од печурки. Потрошиле недели во истражување на техники со кои зградата ќе издржи максимална тежина.

По ригорозните тестирања тимот одлучил да направи кула висока 12 метри. За ова им биле потребни 10.000 тули.

Тулите користени за изградба одгледувани се во три одделни калапи. За да добијат тули, научниците ги исполниле калапите со органски материи. Потребнни се само пет дена печурките да ги претворат органските материи во материјал за употреблива тула, поради што целиот процес е ефтин и ефикасен.

Како и во повеќето технологии, за да стане исплатлива алтернативата на класична тула, оваа од печурки мора уште да помине низ екстензивен развој. Поентата е во тоа што тулите од печурки едноставно не се еднакво силни и немаат долг животен век во споредба со поголемиот дел други градежни материјали.

Еден од најчесто користените материјали е бетонот. Тој, сам по себе може да издржи компресивна сила од 4.000 psi (28 MPa), па се до 10.000 psi (70 MPa), зависно од потребите. Наспроти тоа, тулите од печурки можат да издржат само 30 psi (0.2 MPa).

Иако не се толку силни, тулите од печурки се значително полесни од бетонот бидејќи тежи само 43 кг/м3, додека бетонот тежи околу 2.400 кг/м3. Иако тулата од печурки нема компресивна сила, нејзината ниска густина ја прави корисна во области каде не е потребно да се носи тежина. Овие тули, можат да се користат и како изолатор или за изградба на внатрешни ѕидови во домот.

Освен за градежни материјали, печурките можат да се користат и како материјал за пакување, бидејќи се природно водоотпорни, и не се штетни за околината. Доколку го фрлите тој материјал, лесно се разложува.

Поддржете ја нашата работа: