Најголемиот жив организам на светот е значително поголем од синиот кит, кој е најголемо животно на светот.
Станува збор за Armillaria ostoyae, или уште како што се викаат огромните печурки (Humongous fungus), пренесува Business Insider.
Тој организам покрива 9,65 километри квадратни од националната шума Малхер во Орегон.
Станува збор за доста опасен организам кој расте така што се храни со корења од дрва, ги цица од нив хранливите материи, и така ги убива. Бидејќи се наоѓа во прилично голема површина на шума, има доволно храна да расте без ограничување.
Armillaria ostoyae, изградила огромна мрежа на корени – мицелиум, распространет под целата почва во шумата. Она што се појавува на земјата се печурки кои растат еднаш во годината. Обично се појавуваат покрај болно или неодамна исушено дрво.
Оваа мапа покажува колку е голема оваа печурка, означена со црвена боја, во однос на другите, нешто помали Armillariа печурки.