Кинески научници клонирале мајмуни за да го истражуваат нарушувањето на сонот

Научниците прв пат успеале да создадат здрави мајмуни со техниката за клонирање со која беше создадена овцата Доли.

Ова се смета за важен чекор кон можноста за клонирање на луѓе, јавуваат агенциите. Од раѓањето на овцата Доли во 1996 година, научниците клонирале повеќе од 20 видови цицачи, вклучувајќи кучиња, мачки, свињи, крави и коњи, со истиот метод создадоа човечки ембриони, но досега не уапеаја да направат бебе во категоријатат на примати, во која спаѓаат мајмуните и луѓето, пренесува Асошиејтед Прес.

Научникот Муминг По од Кинеската Академија за науки во Шангај изјави дека пречката за клонирање на примати конечно е отстранета. По и неговите колеги објавија дека успешно клонирале две бебиња мајмуни. Тие се стари седум и осум недели.

По изјави дека ова достигнување покажува дека клонирањето на луѓето е теоретски возможно, но дека неговиот тим нема намера да е занимава со тоа. Познатите научници се главно против клонирање на луѓе, а По додава дека општеството би го забранило клонирањето од етички причини.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.