Дружи се со соседите, спаси ја планетата!

Истражувањето  објавено во „Environment and Behavior journal“, открива дека луѓето кои се дружат со соседите имаат поголема веројатност да се однесуваат еколошки свесно, односно да ја зачуваат водата и енергијата, да купуваат органско овошје и зеленчук и помалку да возат автомобили.

Клучни наоди:

• Дружењето со соседите е позитивно поврзано со позитивното однесување, имено, за купување органско овошје и зеленчук, користење помалку вода, помала потрошувачка на енергија на домаќинствата и помала употреба на автомобилите.

• Генерализираната доверба во другите е позитивно поврзана со подготвеноста да се направат лични жртви за животната средина преку „зелени даноци“, повисоки цени и намалување на животниот стандард.

•  Гледањето телевизија е негативно поврзано со желбата да се придонесе за животната средина.

•  Религијата е значително позитивно поврзана со веројатноста дека испитаниците ќе бидат подготвени да плаќаат повисоки даноци и повисоки цени за доброто на животната средина.

Наодите укажуваат дека погодностите произлегуваат од општествените дијалози.

Интересно е тоа што кога се работи за еколошката свесност, соседите имаат поголемо влијание дури и од семејството и пријателите.

Семејните односи имаат тенденција да се фокусираат на емоционалните потреби на членовите на семејството, додека соседските имаат тенденција да се фокусираат на загриженоста за животната средина.

Затоа, дружете се со соседите! Тоа е тајната на еколошкото однесување!

ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

Поддржете ја нашата работа: