Во последните неколку децении, изумреа повеќе видови на птици, цицачи и водоземци благодарение на човекот. Климатските промени исто така влијаат врз зголемувањето на морското ниво и бројот на бури кои предизвикуваат поплави, со што се уништуваат живеалиштата и изворите за храна на животните.

Тоа е причината поради која научниците веќе со години се борат да пронајдат еден вид глодари (Melomys rubicola), за кои во јуни оваа година службено изјавија дека им се изгубила секаква трага. Прогласени се за први цицачи чиј вид изумира директно поради човековото влијание врз глобалното затоплување, пишува „Huffington Post“.

Доста вознемирувачки предупредувања доаѓаат од реномирани експерти кои сметаат дека нашата планета е на работ на шестото по ред масовно истребување, при што од Земјата би можеле да исчезнат најмалку 75 посто видови. Брзината со која животните изумираат моментално е дури 100 пати поголема од вообичаено, забележува една студија од 2015 година.

Уништувањето на природното живеалиште, ловот и загадувањето на животната средина веќе доведе до истребување на многу видови, а зголемувањето на температурите претставува голема закана за нашиот екосистем.

„Климата се менува побрзо од било кога во историјата и се движи кон нова нормала, која е надвор од условите за живот на животните. Тие не можат да мигрираат бидејќи луѓето ги населуваат нивните природни живеалишта, и не можат да еволуираат доволно брзо за да ги следат промените”, вели Ентони Барноски, директор на Хидробиолошкиот институт на Универзитетот Стенфорд за „Huffington Post“.

Само во последната деценија исчезнале повеќе од десетина видови, вклучувајќи и неколку цицачи, птици и водоземци, а заслугата за тоа припаѓа на човекот.

„Само околу два милиони видови се научно опишани, но се проценува дека на Земјата живеат околу 15 милиони видови. На сите од нас тие видови ни се непознати. Мислам дека науката, за жал, не ги запознала повеќето од изумрените видови”, вели Жерардо Цебалос, еколог од мексиканскиот универзитет.

Врз основа на податоците на Меѓународната унија за заштита на природата, „Huffington Post“ направи листа на 11 видови, кои несомнено исчезнале од лицето на Земјата:

Глодарот „Melomys rubicola“

Желката „Chelonoidis nigra abingdonii“

Западно-афричкиот црн носорог

Јаванскиот носорог

Жабата „Ecnomiohyla rabborum“

Птицата кокако „Callaeas cinereus“

Птицата „Cichlocolaptes mazarbarnetti“

Лилјакот „Pipistrellus murrayi“

Загубата на некои видови директно може да влијае на човекот. Губиме видови кои се вредни, па дури и неопходни за опстанок на човечкиот род. На пример, вообичаените лекови кои ги користиме за висок крвен притисок се добиваат од едвај позната змија која живее во џунглата. Научниците проценуваат дека биосферата му дава услуга на човекот во вредност од 33 трилиони долари и плус корист, која што луѓето ја имаат од неа.

Луѓето, според извештајот на Светскиот фонд за природа од октомври годинава, би можеле да убијат две третини диви животни, и ако продолжиме со ова темпо, ќе ја осиромашиме Земјата и уништиме биолошката разновидност која нема да може да се обнови ни за милион години.

Поддржете ја нашата работа: