Конвенционалните начини за откривање на рак вклучуваат голем број скенирања и инвазивни опции како хируршки биопсии. Научниците од Универзитетот Умеа во Шведска развија сосема поинаков тест кој може да го детектира, класифицира и посочи местото на рак во телото со 96% точност, едноставно преку анализа на само една капка крв.
За целите на тестирањето, истражувачите земале примероци од крв од 283 индивидуи, од кои 228 имале некаква форма на рак, додека останатите 55 не покажувале никакви знаци. Со анализирање и споредување на РНК од примероците, истражувачите го идентификувале ракот со различни степени на успех.
Кај 39 пациенти каде што ракот бил откриен во рана фаза, успеале да го идентификуваат и класифицираат со 100% точност. Во следното тестирање, системот не бил подеднакво ефикасен, но сепак покажал импресивни резултати – 71% точност кај пациенти со дијагностициран рак на бели дробови, дојка, панкреас, мозок, дебело црево и ректум.
Иако системот се’ уште не е усовршен, успешно биле идентификувани речиси сите форми на рак, што е доказ дека овој вид на биопсија заснована на крв има огромен потенцијал да придонесе за рано откривање на ракот.