Египетска гробница стара 4000 години, за прв пат е отворена за јавноста

Туристите кои ги посетуваат знаменитостите по Египет имаат уште една станица на нивниот пат. Имено, гробницата на кралскиот везир, стара 4000 години, за прв пат е отворена за јавноста откако е откриена во 1940 година во Сакара, близу Гиза.

Гробницата припаѓала на египетќанинот Меху, кој бил многу ценет советник на кралот Тити, првиот крал од шестата династија, некаде околу 2300 година п.н.е. Погребан бил во старото кралство на Египет, недалеку од Гиза.

Ѕидовите на гробницата се украсени со светло обоени цртежи на кои може да се види секојдневниот живот во тоа време, како риболов, обработка на метали, до некои чудни цртежи од венчавки, крокодили и желки.

Гробницата ја открил египтологот Заки Сад уште во 1940 година, а Египќаните се надеваат дека отворањето на оваа гробница ќе привлече уште повеќе туристи.

Поддржете ја нашата работа: