
Вообичаено е гасениците да се изедат една со друга кога се избезумени бидејќи им недостасува храна. Но зошто се јадат една со друга кога храната се наоѓа пред нив?
Кога една гасеница се најде на растение, растението настојува да се одбрани при што го активира лачењето на една хемикалија која се нарекува јасмонат. Поради ова хемиско соединение, гасениците престануваат да го јадат растението и почнуваат да се јадат една со друга.
За време на експериментот, научниците испрскале засадени домати со метил јасмонат за да го зголемат ефектот и да ги одбијат гасениците, се вели во студијата објавена во списанието Nature Ecology & Evolution.
Во споредба со неиспрсканите домати, на оние каде имало големи дози од ова соединение, останале многу повеќе од целото растение, бидејќи гасениците почнале да се јадат меѓусебно, занемарувајќи го растението.
А кога само една жива гасеница била ставена на растението, покрај тела од мртви гасеници, таа почнала да ги јаде и нивните тела. Џон Орок, еколог од Универзитетот Висконсин во Медисон, и ко-автор на истражувањето објаснува дека растенијата не се само живи набљудувачи. Тие можат и да превземат нешто во своја одбрана, но постојат и некои ограничувања.
Растенијата треба а бидат нападнати од повеќе гасеници, за да се случи реакција бидејќи една или две гасеници не го предизвикуваат растението да почне да го лачи ова соединение. Не е познато колку ова соединение додека го лачат им смета на самите растенија. Можно е да отпуштањето на метил јасмонат да ги суши растенијата, а оттука самото тоа нема многу плод.































