Енергетските пијалоци високо ризични за децата

Повеќе од  40 % од извештаите за енергетски пијалаци  од центрите за контрола на токсини, вклучуваат деца помлади од 6 години со сериозни срцеви и невролошки симптоми, според една нова студија презентирана на Американската асоцијација за срце и срцеви заболувања.

Непропорционалната застапеност на децата е загрижувачка со оглед на бројот на извештаи за сериозни срцеви и невролошки симптоми, изјави Стивен  Липшулц , коавтор на истражувањето.

Истражувачите анализирале податоци од периодот октомври 2010-септември 2013 година, евидентирани од центрите  за контрола на агенси. Информациите се однесуваат на  изложеноста на енергетските пијалоци  на јавноста  од 55 контролни центри во САД.  „Изложеност” се дефинира како вистински или можен  контакт со секоја супстанција  која е проголтана, вдишана, се апсорбира, се применува или вбризгува во телото, без оглед на токсичноста или клиничката манифестација.

Наодите се следни:

Од  5156 пријавени случаи на изложеност  на енергетски пијалак, 40 %  биле ненамерна, т.е. непредвидена изложеност на мали деца.

Умерени  и тешки последици се забележани во 42% од случаите на енергетски пијалаци, кои биле измешани со етанол (алкохол) и 19% од  оние кои не содржат алкохол.

Меѓу случаите во сите возрасни групи со клинички последици, биле  пријавени кардиоваскуларни нарушувања, вклучувајќи неправилен срцев ритам и циркулација кај 57 % од случаите, и невролошки ефекти (напади, вклучувајќи статус epilepticus ) кај  55%.

Енергетските  пијалаци немаат место во педијатриската исхрана . И секој со потенцијална  срцева, невролошка  или друга  значајна медицинска  состојба треба да го консултира својот лекар за ризиците од конзумирање на енергетски пијалок.

Енергетски пијалаци  многу често содржит фармацевтски развиен  кофеин и дополнителни дози на кофеин од природни извори. Крајниот резултат е зголемување на работата на срцето и крвниот притисок. Енергетските пијалаци со повеќе извори на кофеин се поврзани  со поголема стапка на несакани ефекти, најчесто на нервниот, дигестивниот или кардиоваскуларниот систем.

Некои енергетски пијалоци содржат до 400 mg кофеин во конзерва или шише, во споредба со 100-150 mg во регуларното кафе.

Труење со кофеин може да се случи на нивоа повисоки од 400 mg на ден кај возрасните, над 100 mg на ден кај адолесцентите; и 2,5 mg на килограм  телесна тежина кај деца помлади од 12.

Истражувачите се’ уште не знаат дали останатите состојки освен кофеинот во пијалоците, придонесуваат за несаканите ефекти.  Многу од  состојките  никогаш не биле тестирани за безбедност кај деца, ниту поединечно, ниту во комбинација.

Во 2010 година, Американската агенција за храна и лекови, ги забрани енергетските пијалаци кои содржат алкохол. Оттогаш, намалени се пријавите за труење од енергетски пијалок. Но, некои луѓе, ги мешаат енергетските пијалоци со алкохол.

Овој проблем е значително потценет од центрите за помош и од пациентите, заклучуваат истражувачите. 

Неопходно е подобрување на ознаките  за количината  на кофеин и потенцијалните последици врз здравјето, како и континуирани напори да се намали изложеноста на децата на производите.
Поддржете ја нашата работа: