Неодамнешните студии покажаа дека ние сеуште се развиваме, а сега, новото истражување објавено во Nature Ecology and Evolution сугерира дека би можеле да развиеме ген кој би ја уништил нашата толеранција за алкохол.
Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија анализирале геноми кај 2500 луѓе од 26 популации на четири различни континенти користејќи податоци собрани од 1000 слични проекти.
Потоа тимот ги издвоил специфичните карактеристики или “геномните жаришта” кои се појавуваат во различни групи и популации – на пример, промени во областа на генот одговорен за производство на гликофорини, што се случува во делови на Африка и Азија. За да се случи ова мутациите мора да се појават независно каде од овие две популации и да опстанат. Доколку постоела само една мутација би требала да патува премногу брзо низ двата континента.
“Оваа студија покажува дека постои тенденција за изедначување на некои гени, и тоа на еден цел вид”, вели Џон Хокс од универзитетот Висконсин-Медисон.
Во студијата, научниците нагласуваат пет подрачја на најновите промени. Тие вклучуваат адаптација на графикон кој е поврзан со отпорноста на маларија, во Африка и Азија. Во Европа тимот забележал зголемување на гените кои предизвикуваат разбивање на молекулата на аминокиселини, наречена хомоцистеин, која на голема количина може да предизвика срцев удар.
Сепак, веројатно најинтересната модификација е поврзана за ензим-алкохол дехидрогеназа (ADH), која со тек на време може да го промени начинот на кој луѓето го процесираат алкохолот. Дехидрогеназата е ензим кој го раствора алкохолот и го метаболизира во соединение наречено ацеталдехид.
Оваа токсична хемикалија е одговорна за секоја главоболка која се јавува ден после пијанство. За среќа, човечкото тело има способност релативно брзо сето тоа да го претвори во друга супстанца , ацетат, која не е токсична, и после нејзиното делување човекот се чувствува подобро.
Научниците мислат дека така еволуцијата може да ја отстрани човековата зависност од алкохол, бидејќи може да создаде нови верзии на ADH, кои ќе делуваат на толеранцијата на алкохолот, исто како и на способноста на телото да го конвертира ацеталдехидот во ацетат.
Засега гените се откриени само во источна Азија и западна Африка, но времето ќе покаже како ќе се шират.