Еволуцијата на влакнестите мажи

Зошто некои мажи имаат многу повеќе влакна од другите?

Сите луѓе имаат ист број на фоликули на влакна со нашите први предци, освен тоа што сега нашите влакна се многу потенки и не може да се видат со голо око. Во текот на еволуцијата станало предност да се има потенки влакна, и се смета дека е така бидејќи нашите предци патувале далечни растојанија за да најдат храна, и за време на топлите денови, густите влакна биле сметани за недостаток.

Додека и мажите и жените исто така, имаат ист број на фоликули на влакна, мажите имаат повеќе од оние што се нарекуваат терминални влакна: видливи и густи што обично се поврзуваат со влакната на главата на еден човек или пак срамните влакна.

Мажите имаат влакна и на нивните гради, грб и други места. И жените може исто така да имаат влакна на овие места меѓутоа тие се т.н „vellus“ влакна кои се уште потенки и потешко забележливи. Очигледно, овие разлики се должат на половата селекција.

tumblr_o79j59otlr1qahk3zo1_1280

На пример, машките пауни ги шират своите пердуви на опашот за да се покажат и да ги привлечат потенцијалните партнери. Една теорија дури и сугерира дека влакнестите мажи можат подобро да ги детектираат паразитите на своето тело, па жените ги доживуваат повеќето влакна како знак за подобро здравје. Па можеби мажите станале повлакнести за полесно да ги привлечат потенцијалните партнерки.

Погледнете го видеото подолу.

 

Поддржете ја нашата работа: