Еволуцијата на вратот на жирафите

Научниците претпоставуваа дека долгиот врат на жирафите е резултат на еволуцијата, но немаа фосилни податоци за да го докажат тоа. Сега, анализите на коските од вратот на еден изумрен член на семејството на жирафи ни откриваат како денешните жирафи го добиле својот исклучително долг врат.

Се работи за фосилни пршлени од „Samotherium major“ – жирафи кои живееле пред околу 7 милиони години на територијата на Евроазија, вклучувајќи го и островот Самос во Грција (каде воедно се пронајдени и именувани), Јужна Италија, Турција, Молдавија, Иран и Кина.

„Конечно може да ги видиме преодните фази во издолжувањето на вратот на жирафата“, вели Мелинда Дановиц, коавтор на истражувањето.

Пронајдените пршлени биле споредни со коски од единствените живи членови на фамилијата „Giraffidae“ – жирафата (Giraffa camelopardalis) и окапи (Okapia johnstoni) – цицач со краток врат кој живее во централна Африка.

Како и сите цицачи, членовите на семејството на жирафата имаат седум коски во вратот. Вратот бил реконструиран од коските на четири животни кои биле ископани на островот Самос во Грција.

2412 Ова истражување се надоврзува на претходни објавени трудови од истиот тим, кои покажуваат дека кај „Samotherium“ започнала првата фаза на издолжување на вратот, што вклучувало издолжување на кранијалниот дел (предниот дел) на секој коска од вратот. Кај овие примероци не е видлива втората фаза, односно издолжувањето на задниот дел на коските од вратот. Но, забележани се други карактеристики кои на некој начин го претставуваат преодот меѓу жирафа и окапи. „Samotherium“ не е директен предок на жирафата, но врз основа на карактеристиките на вратот, најверојатно е близок роднина.

Вратот на денешните жирафи е долг околу 2 метри, на „Samotherium major“ бил половина од таа должина, додека на окапи е само 60 сантиметри.

Истражувањето е објавено во „Royal Society Open Science“.

Поддржете ја нашата работа: