Европските власти велат дека е непходно да ги координираат своите планови за организација на беспилотни летала на Месечината со Русија, на што потоа може да следат последователни експедиции од западните експерти.
Европската вселенска агенција во неколку наврати предлагала проекти за испраќање на човек на Месечината, но сите проекти биле одложени. Сега, експертите гледаат перспектива за нивна имплементација. Првично, предвидено е изучување на природниот сателит на Земјата со помош на ровери и сателити.
На 2 декември 2014 година, се одржа состанок на претставниците на Европската вселенска агенција на кој таа доби овластување и пари за учество во роботски мисии за истражување на Месечината.
Претставниците на агенцијата најпрво се противеле на соработката со Русија, се додека научниците не им ги претставиле вистинските перспективи на мисиите на Месечината кои можат да се постигнат заедно. Така, истражувачите предложиле роверот да се постави на досега непроучениот јужен пол на Месечината. Ова место, според пресметките, содржи мраз и може да биде погодно за изградба на база.
Средствата за реализација навакви мисии изнесуваат 800 милиони евра, кои земјите кои учествуваат во проектот на вселенската агенција ги одредиле за вселенски истражувања. Повеќето од овие средства ќе одат за поддршка на Меѓународната вселенска станица.
Откако во 2012 година, Советот на министри не ги одобри плановите за роботски и човечки истражувања на Месечината, Европската вселенска агенција одлучи да ги здружи силите со Руската и за таа цел изрази желба да финансира две мисии на Руската вселенска агенција за да се добијат конечни податоци.
Со поддршката од Европа, во 2019 година може да се започне проектот „Луна 27“ , како и лендерот „LPSR “ кој ќе земе примероци од почвата на Месечината и ќе ги врати на Земјата во 2020 година. Експертите од Европската вселенска агенција во овие мисии ќе бидат одговорни за точноста на слетувањето, комуникациската опрема, како и за апаратите за ископување и анализата на податоците.
Експертите велат дека за изработката на ваков заеднички меѓународен проект ќе бидат потребни 50 милиони евра. Вкупната вредност на оваа иницијатива ќе биде многу повеќе – неколку стотици милиони евра.
Меѓутоа според повеќе научни кругови за посериозни мисии на месечината мора да се планира и вклучување на Кина.