Македонија се вклучува кон проектот „ Европска недела на роботи “ со изложбата „СРЕТНИ ГИ РОБОТИТЕ“ што ќе се одржи утре на 26.11.2014 со почеток во 12 часот во холот на Електротехничкиот Факултет во Скопје . На оваа изложба ќе бидат изложени роботи од индустријата , образованието како и роботи изработени од страна на студенти.
Што претставува Робот ?
Иако нема ниту една точна дефиниција за робот, еден робот ќе ги има сите или барем неколку од следниве карактеристики: Роботот е електрична машина која има способност да комуницира со физички објекти и да биде електронски програмирана да работи одредена задача, или да прави цела низа од задачи или акции. Таа исто така може да има способност да согледува и собира податоци од физички објекти на нејзината локална физичка средина, да обработува податоци, или да одговара на различни стимулации.
Роботите кои имаат облик на човечко тело се нарекуваат хуманоидни роботи.
Ние користиме роботи во секојдневието, макар што често и не сме свесни за тоа. На пример, правосмукалката, индустриските машини, механичките играчки итн.Со подемот на технологијата, роботите добиваат своја модерна варијанта и нивната примена и популарност се зголемува.
Во Кина има роботи-келнери, а готвачи-андроиди. Јапонија и Кореја имаат план да користат хуманоидни роботи за нега на стари лица. Во САД има наплив на роботи во армијата. По се изгледа, го имаме „Iron man“ во реалноста.
Создадени се роботи со ликови на луѓе кои има способност за фацијална експресија , во Јапонија на големо се спремаат да за време на олимпијадата ангажираат роботи во сите сектори, „Мајкрософт“ од скоро ангажираше роботи на своите паркинзи …
Она што пред неколку години изгледаше како научна фантастика сега е повеќе од реалност. Роботите можат да ја заменат речиси секоја човечка функција.
Од една страна, тие се интересни и ни го олеснуваат животот, но од друга страна, се јавува страв дека ќе се намали интеракцијата меѓу луѓето.
Дали ќе влијаат на вработеноста? На економијата?
Дали нашиот најдобар пријател ќе биде робот?
Почитувани пријатели моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk . Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас. Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни! |
{loadposition like_article} |