Резултатите од проектот ги објавил во својата книга „30 лекции за љубовта: Совет од најмудрите Американци за љубовта, врските и бракот“.
Пиламер спровел случајна национална анкета на скоро 400 Американци на 65- годишна возраст и постари, со прашања – како да се најде компатибилен партнер и како да се остане во брак, како и и други битни прашања и совети во врска со љубовта и врските. Исто така, биле интервјуирани и повеќе од 300 поединци на 30 до 50- годишна возраст, од каде што добил поголем увид во тоа како би се преминале брачните проблеми. Тимот интервјуирал и разведени поединци, кои биле прашани како другите би можеле да избегнат развод.
Просечната старост на испитанаците била 77 години од кои 58 % биле жени а 42% мажи. Просечната должина на успешни бракови била 44 години, од кои парот со најдолгиот брак биле на возраст од 98 и 101 година, и биле 76 години во брак. Одговорите биле кодирани во најчесто даваните препораки, што резултирало со листа на најчесто одбрани лекции за успешен и долгорочен однос.
Пиламер открива заеднички совети за парови пред олтар или пак децении во брак. Првите пет лекции од постарите се:
1. Научете да комуницирате
За добар брак – зборувајте, зборувајте, зборувајте! Постарите велат дека најголемиот број од брачните проблеми можат да се решат низ отворена комуникација, и обратно, многу неуспешни бракови ја обвиниле токму недоволната комуникација.
2. Запознајте го партнерот пред бракот
Иако многу од постарите влегле во брак многу млади, го советуваат токму спротивното. Немојте да влегувате во брак се додека не го запознаете парнерот многу добро и имате голем број заеднички искуства. Важен дел од сето ова е лекцијата со многу јаки зборови – никогаш не влегувајте во брак со очекување дека ќе го промените партнерот.
3. Мислете на бракот како нераскинлива доживотна посветеност
Наместо да гледате на бракот како партнерство кое трае само додека трае страста, постарите предлагаат начин на размислување во кој најдлабоката посветеност е меѓусебната почит, дури и кога нештата ќе тргнат наопаку. Многу се бореле и низ несреќни периоди, и пронашле начин за нивно решавање, давајќи им награда – исполнет брак во подоцниот живот.
4. Научете да работите како тим
Постарите не повикуваат да го примениме она што сме го научиле од нашето искуство од тимовите во спортот, на работа, во војска итн. Со ова се подразбира проблемите кои што се појавуваат да се гледаат како заеднички проблеми, а не само на едниот партнер. Какви било потешкотии, болести или неуспеси доживеани од едниот партнер, се одговорност и на другиот.
5. Изберете партнер кој е сличен на вас
„Бракот е понекогаш тежок за сите“, велат постарите, но полесно е со некој кој ги дели вашите интереси, позадина и орентација. Најкритичната потреба за сличност е во основните вредности, како што се прашањата за воспитувањето на децата, како би се трошеле парите и религијата.
Оваа студија ја покажува потребата за идни истражувања и анкети, за да се открие практичната мудрост на постарите за одредени суштински делови од нашиот живот, како што е бракот.