Гледањето на документарци за природата не прави среќни

Planet Earth II

Заедничката студија на Би Би Си, авторот на документарни серии Planet Earth II, и Универзитетот во Калифорнија Беркли, открива дека гледањето документарци за природата значително го зголемува чувството на среќа и го намалува стресот и депресијата.

Студијата е нарачана со цел да го следи почетокот на емитувањето на документарната серија Planet Earth II во САД, а ја спроведувале научниците на Би-Би-Си и проф. Дашер Келтнер, експерт за емоции и професор по психологија на Универзитетот Беркли.

Во глобалниот проект, научниците користеле најнова технологија за мапирање на лица кај 7.500 учесници од голем број националности со цел да ги читаат нивните емоции во реално време додека гледале кратки клипови од разни ТВ програми, вклучувајќи вести, драми и Planet Earth II.

Резултатите покажале дека жените доживуваат драматична емоционална промена кога гледаат документарци за природата. Лицата помеѓу 16 и 24 годишна возраст покажале најголем степен на намалување на стресот, замор и преголемо чувство на загриженост.

Земени заедно, поголемиот дел од гледачите покажаа значително засилување на позитивните емоции, влучувајќи одушевување, љубопитност, задоволство и ентузијазам. Студијата покажала и значително опаѓање на емоциите како нервоза, вознемиреност, страв, стрес и замор.

“Она што особено ме возбудува околу оваа студија е кога гледам како оваа емисија делува на луѓето на длабоко емоционално ниво и како на режисер тоа навистина ми годи. Ние секогаш пробуваме да ја доближиме публиката со природата и секогаш е возбудливо да се види како една емисија може да влијае врз расположението на нашите гледачи.” вели извршниот продуцент Мајк Гантон.

Студијата исто така проучила 150 постоечки научни студии која ја истражувале поврзаноста помеѓу природата и човечката среќа. Професорот Келтнер заклучил дека нашата поврзаност со природата ја подобрува нашата концентрација, когнитивна работа, како и чувството на смиреност кое не прави социјални битија.

“Овие промени во емоциите до кои доаѓа со гледање на природонаучни емисии се значајни бидејќи знаеме како чувството на задоволство се темели на среќата. Доколку лицата чувствуваат одушевеност, поголема е веројатноста дека ќе манифестираат емпатично однесување, а се покажа дека подобро се носат и со стресот.” вели Келтнер.

Поддржете ја нашата работа: