Фосилите од најстарата птица може да го објаснат истребувањето на диносаурусите

Овие фосили може да помогнат во решавањето на загатката зошто диносаурусите (кои не биле поврзани со птиците) биле збришани како резултат на масовно истребување.

„Archaeornithura“ е сега најстариот познат пример на „Ornithuromorpha“ – група која ги вклучува сите живи птици и нивните фосилни предци. Двата исклучително добро сочувани фосили се стари околу 130 милиони години, од Мезозоикот (пред околу 252 до 66 милиони години).

Предизвик за еволутивната теорија
Веќе долго време ни е познато дека птиците се живите потомци на диносаурусите тероподи, еволутивна гранка која може да се следи наназад најмалку 140 милиони години се до т.н. „прва птица“ – „Archaeopteryx“. Фосили од ова суштество за прв пат биле пронајдени во варовниците од геолошкиот период Јура, во Баварија, Германија во 1861 година.

Но, во последниве години, научниците научиле две нешта кои ја предизвикуваат таа приказна. Прво, многу истражувачи сметаат дека „Archaeopteryx“ воопшто не е птица, туку член на поврзана група на пердувести тероподни диносауруси. Покрај тоа, нови фосилни откритија, особено во Кина, драматично го проширија нашиот поглед за разновидноста на раните птици.

Фосилите опишани во неодамнешното истражување објавено во „Nature Communications“ биле ископани од камења само 10 милиони години помлади од оние од кои бил ископан „Archaeopteryx“. Изненадувачки би било птиците да еволуирале и да се разликувале до тој степен за само 10 милиони години по „Archaeopteryx“.


„Archaeornithura“ иако била на слична возраст на „Archaeopteryx“, била многу понапредна. Имала добро развиени пердуви, абдоминален регион и крилја, а немала пердуви на нозете. Била висока 15 см.

Откривањето на „Archaeornithura“ е важно бидејќи може да помогне во разјаснувањето на тоа зошто само оние видови на диносауруси кои еволуирале во модерни птици го преживеале познатото истребување од периодот Креда пред 66 милиони години. Доколку научниците би успеале да откријат кога и како овие птици еволуирале од своите предци и што е тоа што ги прави различни од другите рани птици, тогаш би можеле да ги разберат причините за драматичниот успех на модерните птици и зошто тие успеале да преживеат, додека другите диносауруси изумреле.

Поддржете ја нашата работа: