Фотографии покажуваат мутации во близина на Фукушима

Овие деформитети потсетуваат на оние на пеперутките пронајдени во Фукушима мината година, каде што било забележано намалување на големината, забавен раст, висока смртност и морфолошки аномалии како последици од катастрофата. Меѓутоа, фактот дека кај овие растенија деформитетот може да се појави природно, ја отфрла претпоставката дека тоа има некаква врска со радијацијата. Исто така, според едно истражување спроведено во 2009-та година, скоро е невозможно радицијата да предизвика деформација кај дивите растенија.

Оваа деформација е ретка мутација која може да влијае на стеблото, коренот, цветот, а понекогаш и на плодот кај повеќе од 100 видови на васкуларни растенија ширум светот. Мутацијата може да се манифестира на ткивото на растението па тоа може да изгледа сплескано,како панделка, како со грпка или да има згрчена форма како што имаат жолтите центри на маргаритките на сликата, и притоа се издолжени и поделени на половина.

Се’ уште не е јасно која е причината за мутацијата, но се земаат предвид и генетските, хормоналните, бактериските, габичните, вирусните и еколошките причини.  Интересно е тоа што причината може да не е иста во сите случаи. Една теорија е дека деформацијата е предизвикана од хормонална нерамнотежа што може да потекнува од  некоја случајна генетска мутација или пак, може да биде предизвикана од некоја бактерија, габа, вирус, инсект па можеби дури и радијација. Ова значи дека во некои случаи, мутацијата ќе биде пренесена,а во други нема.


„Треба да се напомене дека ако едно растение има деформација, не значи дека истата ќе се пренесе кога растение ќе умре и ќе порасне пак следната година – нема гаранција за тоа. Забележани се повеќе случаи кога растенијата биле сосема во ред следната година и не покажувале никаков знак на деформација, особено повеќегодишните растенија. Сепак имајте на ум  дека доколку причината е генетска, има големи шанси за повторно појавување на деформацијата и можеби ќе треба целосно да се ослободите од растението“,објаснуваат научниците.

Доколку конкретните маркаритки не се тестираат, нема да знаеме со сигурност која е причината. Сепак ќе речеме дека е чиста случајност тоа што се појавиле мутирани маргаритки во градот Насушиобара, се додека не видиме поубедлив доказ дека тие се последица од радијацијата од Фукушима.

Истражувањето за маргаритките од Насушиобара како резултат на радијацијата од Фукушима потекнува од 2009 г.од  научниците на Државниот институт за агробиолошки науки во Јапонија и е објавено во весникот „Експериментална ботаника“.

Поддржете ја нашата работа: