Откриена мистеријата за Г-точката

Според д-р Винченцо Пупо, еден од авторите, Г-точката е само мит, бидејќи – внимавајте сега – вагинален оргазам всушност не може да се доживее. Може единствено клиторичен. Со други зборови, за да може  жената да доживее оргазам, пенисот треба да дојде во допир со женската верзија на пенисот, а тоа е клиторисот којшто пак содржи неверојатни 8000 нервни завршетоци (за споредба пенисот содржи околу 4000).

Сексологот, д-р Џил Мекдевит, која предава сексуално воспитување во студентските домови ширум САД, вели дека клиторисот функционира како и пенисот и затоа бара исто внимание за време на сексот за жената да доживее оргазам.

Пенисот и клиторисот се развиваат од исто ембрионално ткиво, крвни садови и нервни завршетоци. Тие биолошки се хомологни. За жените сексуално да одговорат, потребна им е стимулација на клиторисот, исто толку колку што на мажите им е потребна стимулација на пенисот.

Со оглед на тоа дека 55 проценти од мажите изјавуваат дека никогаш не ја пронашле Г-точката, а 80 проценти од жените дека имаат проблем да доживеат оргазам, ова откритие и не изненадува. Меѓутоа, тоа што жените не можат да доживеат оргазам преку пенетрација пенис-вулва, не значи дека нивните шанси за оргазам се мали или дека со нив нешто не е во ред.

Оргазмот е секогаш возможен ако женските еректилни органи се соодветно стимулирани, се вели во студијата.

И уште добри вести – машката ејакулација не значи крај на сексот за жените, вели д-р Пупо.

За 75 проценти од жените кои глумат оргазам оваа студија би требало да претставува олеснување и да им послужи како катализатор за подобрување на сексуалниот живот.

Сега кога ова е утврдено, партнерите можат да ги усогласат своите сексуални техники, за да можат двата пола да добијат голем „О” каков што заслужуваат.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt