Повеќе секс за жените – за подобра меморија

Една неодамнешна студија од Унверзитетот МекГил во Канада се чини дека им обезбеди на жените уште една причина почесто да имаат секс. Сексот може да го зајакне делот од мозокот наречен хипокампус кој се поврзува со меморијата, па затоа повеќе секс на жените ќе им овозможи и подобра меморија.

Истражувањето покажало дека жените кои почесто имаат секс запамтиле повеќе зборови на тестовите за вербално препознавање, иако сексуалната активност не им помогнала подобро да запомнат лица – објаснува „Форбс“. Врз основа на овие резултати, заклучокот од студијата е дека сексуалниот однос го стимулира регионот на хипокампусот во мозокот кај жените, кој во голема мера е поврзан со вербалната меморија.

Во претходни истражувања исто така е покажано дека каква било физичка активност – од трчање, па до јога, го стимулира регионот на хипокампусот во мозокот. Ова значи дека самиот сексуален чин не е тој што доведува до подобрување на меморијата, туку  физичката активност за време на сексот која неизбежно доведува до зголемување на протокот на крв во мозокот.

Сепак, наодите се интересни, бидејќи го потенцираат фактот дека сексот не служи само за репродукција, туку и дека е корисен и за многу други работи. На пример, едно истражување од 2014 година покажува дека сексуалниот однос ја намалува анксиозноста, додека друга студија покажува дека лицата што практикуваат „BDSM“ секс се помалку невротични, посвесни и сензитивни на одбивање, посигурни во нивните релции и се во подобра општа состојба.

Поддржете ја нашата работа: