Ноември – месец на Националното сексуално здравје

Ноември е месец на Националното сексуално здравје, а еден од најважните фактори за одржување на добро сексуално здравје е редовното тестирање за сексуално преносливи болести. „Planned Parenthood“ препорачува тестирање најмалку еднаш годишно, но сепак постои честа заблуда дека за поединците кои се во врска не важи ова. Според експертите, да се биде во врска, без разлика на тоа колку долга, не е причина за да се откажете од тестирање.

И покрај нивните понекогаш сериозни последици по нашето севкупно здравје, многу од сексуално преносливите болести немаат никакви симптоми и може да не се откријат со години. На пример, според „Health NY“ 10 до 15 проценти од мажите и 80 проценти од жените никогаш не покажуваат некакви симптоми за гонореја, и покрај присутната инфекција. Исто така, 50 проценти од мажите и 70 од жените не покажуваат никакви симптоми и за кламидија.

„Сексуално пренсоливите болести може да бидат многу „тивки“ и да предизвикаат долгорочни репродуктивни проблеми. Некои луѓе може да немаат никакви симпроми, во зависност од болеста. На пример, за ХПВ не се појавуваат никакви симптоми кај повеќето. Некои СПБ може да предизвикуваат вагинален исцедок за кој жените може да сметаат дека е нормално, а всушност да се работи за СПБ“- вели д-р Камила Филипс, акушер-гинеколог од Менхетен.

Поради оваа причина, таа им препорачува на своите пациенти да продолжат да се проверуваат за сексуално преносливи болести без разлика на нивниот статус.

Друга причина поради која експертите ги советуваат поединците во долги и сериозни врски да се проверуваат за СПБ е бидејќи неверството е многу почесто отколку што сметате. Според едно истражување од 2015 година, паровите во моногамна врска имаат еднакви шанси за СПБ со оние кои отворено имаат повеќе сексуални партнери. Од 556 волонтери вклучени во истражувањето, 351 биле во моногамна врска, а 205 во „отворена“ врска.

Како што било објавено во истражувањето, околу една четвртина од поединците во моногамната врска признале дека биле и со друг партнер, но 75 проценти се изјасниле дека нивните партнери не знаеле за нивното неверство. Како резултат на тоа, нема мерлива разлика во стапката на СПБ помеѓу двете групи.

„Одлично е да се чувствувате сигурни во вашата врска, но доста често дијагностицирам нови СПБ кај пациенти кои веруваат дека нивната врска е моногамна“- додава д-р Филипс за „Medical Daily“.

Поддржете ја нашата работа: