Германија: Нема веќе мочање по ѕидови

Очигледно, луѓето од Св. Паули, област во Хамбург, не можеле да поднесат повеќе и се свртеле кон науката за решавање на проблемот.

Областа, која е една од најголемите во градот, ги прска градските ѕидови со хидрофобна боја, која ја одбива течноста од површината. Ова значи дека сега, кога некој моча на еден од овие ѕидови, ѕидот му ја враќа урината назад.

Како што можете да видите во видеото подолу, оваа боја е многу моќна поради способноста за испраќање на урината назад кон чевлите на уринаторот (што Германците го нарекуваат „wildpinkler“). Тоа е нешто како моментална карма.

Локалните жители се надеваат дека не само што бојата ќе испрати јасна и гласна порака дека ѕидовите не се за мочање, туку и дека ќе помогне во одржувањето и убавиот мирис подолго време.

Негативната страна е тоа што хидрофобната боја е прилично скапа– чини околу 700 евра за шест квадратни метри површина. Но, организаторите веруваат дека трошоците ќе се избалансираат со падот на трошоците за чистење.

Ако се споредат трошоците за секојдневно чистење на нередот и страшна миризбата, како и дополнителните штети, дефинитивно е економски исплатливо“,  вели Јулија Старон, една од организаторите.

И можеби, само можеби, повратниот ефект ќе биде доволен да ги натера пијаните момци и девојки да користат тоалети.

Во меѓувреме, ви го претставуваме овој ласерски гравиран супер-хидрофобен метал создаден претходно оваа година. Има некој кандидат да го испроба?

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt