Нов Гинисов рекорд за најбрзо сложување на Рубикова коцка

Лукас ја решил оваа стандарднаа сложувалка со димензии 3х3х3, за восхитувачки 4,904 секунди во саботата, за време на еден настан во гимназијата Ривер Хил во Кларксвил, Мериленд.

 

Овој подвиг е ратификуван од „World Cube Association“, организација која е признаена од Гинисовата книга на рекорди и која ги регулира и одржува натпреварите со Рубиковата коцка.

Интересно е дека рекордот кој досега го држеше Колин Бернс со 5,25 секунди, поставен минатиот април, претходно истиот ден бил соборен од Китон Елис од Мериленд, кој постигнал време од 5,09 секунди.

Ова достигнување на Лукас доаѓа само два месеци откако тој минатиот септември,   поставил нов рекорд за најбрзо сложување на Рубиковата коцка со димензии 2х2х2, со време од 1,51 секунди во црквата Вудмонд Хилс во Нешвил, во Тенеси, САД.

 

Поддржете ја нашата работа: