GM i AT&T здружени за имплементација на 5G мрежата во автомобили

General Motors и AT&T се здружуваат со цел да се овозможи 5G конекција за милиони возила во следната деценија. Подобрената поврзаност ќе значи подобри перформанси на софтверот, подобра навигација и побрз пренос на музика и видеа.

Компаниите се обврзаа на договор за партнерство дека од 2024 година ќе им овозможат на моделите на автомобили Шевролет, Буик, Кадилак и ГМЦ 5Г. Одлуката да се чека три години беше донесена бидејќи моментално 5G мрежата с уште не е доволно распространета. Само кога ќе стане достапна за огромното мнозинство корисници, овој потфат ќе има смисла.

Освен тоа, покрај новите модели со 5G технологија, постојните модели, почнувајќи од 2019 година, опремени со 4G LTE технологија, ќе доживеат повисоки стапки на податоци, благодарение на новата архитектура на мобилната мрежа. Колку ќе биде тоа забрзување зависи од капацитетот на мрежата АТ & Т, која ќе добие милиони нови корисници со овој проект, пишува The Verge.

5G технологијата исто така треба да овозможи многу побрза размена на податоци потребни за автономно возење. Технологијата за вештачка интелигенција во возилата бара обработка на голема количина на податоци во реално време, што не може да се достави преку 4G LTE технологија. Користењето на 5G мрежата во автомобилите ќе го зголеми нивото на безбедност и приватност во комуникацијата.

Поддржете ја нашата работа: