Го свирела Моцарт на флејта додека хирурзи ѝ го оперирале мозокот

Музиката е смислата на животот за Софија Пинаева, а без нејзината флејта не останала ни во операциона сала каде што изведувала концерт додека хируризите ѝ отстранувале тумор на мозокот во една австриска клиника.

Хирурзите ја замолиле 25-годишната музичарка од Русија да свири за да бидат сигурни дека не оштетиле критични делови од нејзиниот мозок, објавуваат од универзитетската клиника во Грац.

Операцијата инаку била извршена минатата година, меѓутоа болницата одлучила да почeкаат со објавувањето на сите детали додека не бидат сигурни дека девојката целосно закрепнала.

„Операцијата на мозокот во будна состојба е единствениот начин да се отстрани таквиот тумор, а да не бидат повредени некои мозочни функции“, вели Горд Фон Кампе, лидер на лекарскиот тим.

При таквиот вид на операции пациентите примаат анестезија, но остануваат будни два часа колку што трае операцијата.

Пинаева во операционата сала ја изведувала „Мала ноќна музика“ на Моцарт, како и дела од Бах и Прокопјев. Операцијата била завршена речиси без ниедна грашка. Операцијата била извршена низ дупка во черепот низ која во еден од мозочните центри за движење била внесена електрода од 1,3 милиметри.

„Ова е првпат да оперирам пациент што свирел за време на зафатот. Ми беше чест да присуствувам на концерт на толку талентирана и ценета музичарка“, вели докторот кој ја извршувал операцијата.

Поддржете ја нашата работа: