Научниците направиле голем чекор напред во лекувањето на ХИВ/СИДА. Иако истражувањето сѐ уште трае, досегашните резултати би можеле да бидат насока за понатамошните студии.
Новото лекување на база на вакцина има дава надеж на заболените од ХИВ дека наскоро нема да мораат секојдневно да земаат терапија.
Во експерименталното лекување кое траело три години на истражувачкиот Институт „IrsiCaixa Aids” во Барселона, научниците комбинирале две нови вакцини за ХИВ со лек кој вообичаено се користи за карцином.
Откако ја примиле првата терапија, вирусот повеќе не можел да се детектира кај пет од 24 пациенти, а неговото ширење било спречено од имунололшкиот систем на пациентите, пишува „New Scientist“. Еден од пациентите веќе седум месеци не користи лекови за ХИВ, бидејќи тестовите се негативни.
Водачот на проектот Беатриз Моте изјавила дека нејзиниот тим е на вистинскиот пат да открие терапија која би можела да биде алтернатива за антиретровирусната терапија (АРТ) против СИДА.
Според податоците на ОН, 18 милиони луѓе- половина од оние кои ширум светот живеат со ХИВ, земаат АРТ, со цел да го успорат напредувањето на инфекцијата. Меѓутоа, тие лекови се скапи, а пациентите мора да ги земаат секој ден.
Доктор Моте и нејзиниот тим, на пациентите со дијагностициран ХИВ им давале комбинација од вакцина која го стимулира растот на бели крвна знца кои ги препознаваат и ги уништуваат клетките заразени со вирусот. Учесниците во истражувањето три години земле и АРТ, а за тоа време билс следена состојбата на нивниот имунолошки систем.
Потоа, 15 пациенти примеле поголем доза од новата комбинација на вакцини која буквално го „измила“ вирусот од ткивата каде може да се вгнезди.
Кај 10 пациенти вирусот се вратил и почнал брзо да се шири, па тие продолжиле да земаат АРТ, додека кај пет пациенти, наодот бил негативен.
Кај некои од нив, неколку недели немало потреба од секојдневниот лек, а во еден случај дури седум месеци.
Мичел Ворен, извршен директор на непрофитната организација „Авак“, која на пациентите им обезбедува вакцина, во изјава за „Independent“ вели дека студијата е спроведена на мал примерок, за да може да се донесат конкретни заклучоци, но дека нивните откритија се интересни и важни и додава дека ова е пример за терапевтска вакцина наменета за лица веќе заразени со ХИВ.