Грешки во комуникација со најблиските. Ништо не е очигледно!

.
Најчестиот извор на недоразбирање во секоја врска е многу едноставен: Ние рутински не успеваме да сфатиме колку малку комуницираме. Со други зборови, ние мислиме дека кажуваме многу повеќе отколку што навистина е така.

Психолозите ова го нарекуваат пристрасност на засилен сигнал. Истражувањата покажуваат дека повеќето од нас веруваат дека нашето однесување е многу поизразено отколку што навистина е и овој феномен се случува низ различни ситуации.

На пример, ние често мислиме дека луѓето можат да забележат кога лажеме и дека непријатноста е очигледна, но тие ретко имаат идеја што се случува. Ние, исто така, претпоставуваме дека другите ги разбираат нашите цели и она што се обидуваме да го постигнеме, кога всушност тие најчесто немаат поим. Реалноста е дека поголемиот дел од она што го велиме и правиме секојдневно е подложно на различни толкувања. Па така, кога другите луѓе се обидуваат да сфатат што всушност мислиме, доаѓа до многу, многу погрешни заклучоци.

За да биде полошо, ние сме уште повеќе убедени дека нашата комуникација е очигледна кога се работи за блиски пријатели, членови на семејството и романтични партнери. Претпоставуваме нашите мисли и однесувања се особено транспарентни за оние кои се најблиску до нас, кога реалноста е нешто сосема друго. Всушност, ризикот од недоразбирање е поголем со вашиот брачен другар отколку што е со странец.

Со претпоставка дека ние сме биле јасни во врска со она што го сакаме, ги обвинуваме другите кога работите не одат како што сме очекувале и нашите потреби не се исполнети.

Тенденцијата вашите чувства на љубов и грижа за важните луѓе во вашиот живот „да се подразбираат“ е одличен начин другите да се чувствуваат несакано и напуштено. Следниот пат кога ќе се фатите себе со мислата „Јас не кажав ништо, но беше очигледно”, престанете. Ништо не е секогаш очигледно, освен ако навистина не се потрудите да биде.

Отстранете ја фразата „Тоа се подразбира” од вашиот ментален лексикон, затоа што е бескорисна. Ако е нешто важно, тогаш тоа мора да оди со изјава. Кажете точно што мислите, како се чувствувате и што точно ви е потребно. Ќе бидете пријатно изненадени од тоа колку често ќе го добивате тоа што го барате.

Поддржете ја нашата работа: