„Guardbot“ е новата играчка на американската војска

Започна како потенцијален робот за мисиите на Марс, но сега американската војска го тестира за евентуално да помогне при идните должности за патролирање

.Развиен е од страна на една компанија од Конектикат која го носи истото име. Топката е со големина од 60 см во дијаметар, иако може да се зголеми до 3 м, или да се намали до 10 см. Помалата верзија е одлична за пребарување под возилата на безбедносните контролни пунктови. Се напојува со батерија која трае до 8 часа. Може да се управува со далечински управувач или да се програмира да патува до одредена област, дефинирана преку GPS. Роботот може да се движи на различни површини, вклучувајќи песок, трева, кал, па дури и снег со максимална брзина од 9,7 километри на час. Малку е побавен во вода, со максимална брзина од 6,4 километри на час.

Ова не е воопшто брзо, но е доволно за да ги извршува своите должности како стражар. Исто така, способен е и да се искачува по ридови (со нагорнини од 30 степени) со што е погоден за надгледување на широк спектар на локации. Има две камери од двете страни и сензори за хемикалии кои се користат за експлозиви, што би ги предупредило луѓето да внимаваат во одредена област, а може да се додадат и опции за ноќно гледање, сензори за движење и ласерски скенери.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.