“Гугл” најави забрана за рекламирање на криптовалути

Golden bitcoin digital currency, futuristic digital money, technology worldwide network concept, vector illustration

“Гугл” одлучи да тргне по стапките на Фејсбук, така што во иднина ќе забрани рекламирање на било што поврзано со криптовалути. Да потсетиме, овој чекор Фејсбук го започна уште во почетокот на оваа година, поточно кон крајот на јануари.

Причината за ваквата одлука се заснова на предупредувањето на Комисијата за хартии од вредност и берзи минатата недела, дека многу берзи и криптовалути делуваат надвор од законот. Властите исто така наведуваат дека некои понуди за криптовалути се измама, додека сите останати представуваат навистина ризична инвестиција.

Очекувано, пазарот на криптовалути негативно реагираше на оваа вест поради што вредноста на биткоинот наеднаш падна за 6%, а за време на пишувањето на текстот погоре биткоинот изгубил на вредност за 9,82% (8.246,48$). Падот на биткоинот во нешто помал процент ги зафати и другите две популарни криптовалути – Ethereum i Litecoin.

Оттука “Гугл” одлучи да забрани било каква реклама за криптовалутите, вклучувајќи и иницијална понуда за токени, размена на криптовалути и советување кое е поврзано со трговија на криптовалути.

“Забраната за огласување по пат на Гугл мрежата за маркетинг ќе се однесува и за компаниите кои легално се занимаваат со криптовалути”, вели Скот Спенсер, директор за маркетинг огласи на Гугл.

“Ние немаме “кристална топка” која што ни ја покажува иднината на криптовалутите, но видовме доволно штета за потрошувачите, па затоа сакаме да пристапиме кон оваа област со голема претпазливост”, додава тој.

Ист третман ќе добијат и бинарните опции, финансиски инструмент кој или плаќа фиксна вредност или ништо бидејќи и овој тип е склон кон измами. Одлуката за забрана на рекламирање на криптовалути ќе стапи во сила во јуни оваа година.

Поддржете ја нашата работа: