Гугл направи слушалки кои можат да преведат 40 странски јазици

Замислете свет каде што можете да зборувате или да разберете било кој странски јазик без да имате потреба да го научите. Тоа е иднината што ја ветува Гугл со новите Pixel Buds.

Тие успешно беа демонстрирани на промоцијата во Сан Франциско што се одржа овој викенд. Со нив, му се овозможува на англискиот говорник, на пример, да има непречен разговор со шведски говорник.

Иако цената на овие слушалки е прилично висока – 179 евра, тие сепак и го свртеа вниманието на јавноста. „Овие слушалки овозможуваат да имаш свој личен преведувач со тебе насекаде”, велат од Гугл.

Pixel Buds се компатибилни со Пиксел и Андроид телефони со верзија 7.0 Нугат или повисоко. Достапни во црна, бела и сина боја.

Според Гугл, слушалките можат да преведат дури 40 странски јазици, користејќи ја постоечката Гугл транслејт технологија. Се што треба да направите е да го задржите десното ушно перниче и да кажете: ‘Помогни ми да зборувам француски’. Додека зборувате, звучникот на вашите слушалки ќе го каже гласно преводот на француски.

Сепак, постојат неколку други слушалки за превод на јазици кои се достапни на пазарот, како што на Waverly Labs и One2One, но Pixel имаат огромна предност бидејќи услугата за превод на Гугл е подоверлива и има огромна корисничка база.

Поддржете ја нашата работа: