Кои се најпребарувани прашања на Гугл?

СПОДЕЛИ
"Kiev, Ukraine - December 03, 2011: Woman hands holding and touching on Apple iPad2 with Google search web page on a screen. This second generation Apple iPad2 is designed and development by Apple inc. and launched in march 2011."

Кога денес ќе видиме кои се „најгуглани“ прашања на интернет, се запрашуваме како луѓето пред  интернетот, дознавале информации за тоа што ги интересирало. Секако, нивен извор биле книгите, бабите, дедовците.

Во денешно време, се` што ве интересира можете да го најдете на интернет. Доволно е само да го внесете поимот во пребарувачот и за помалку од една секунда, пред вас се појавува една цела електронска библиотека. Интернетот, апсолутно ги покри сите сфери на човечкиот живот и не постои ниеден поим што на Гугл не му е познат.

Секоја година, Гугл објавува листа за тоа кои прашања се најмногу пребарувани претходната година. Оваа година, компанијата постави уште една листа со „како“ или „како да направам нешто“, тип на прашања.

Од 2004 година, па до ден денес, процентот на прашања со зборот „како“, порасна за 140%.

Гугл нагласи дека прашањата со зборот „како“ се најмногу пребарувани од самиот почеток на настанокот на пребарувачот, а во 2017 година е креирана една од најчудните и најинтересните листи.

Најгуглани прашања во 2017 година се:

  1. Како да се заврзе вратоврска?
  2. Како се бакнува?
  3. Како да останеш трудна?
  4. Како да ги намалиш килограмите?
  5. Како да нацрташ…?
  6. Како да заработиш пари?
  7. Како да направиш палачинки?
  8. Како да напишеш молба за работа?
  9. Како да направиш француски тост?
  10. Како да го стопиш салото на стомакот?

Ова и не се некои чудни прашања, ако се земе во предвид што се` „гуглале“ луѓето во претходните години, како на пример:

  1. Како да ја убиеш тештата и да не одиш во затвор?
  2. Како да ограбиш банка?
  3. Како да оживееш елен, што е удрен со автомобил?
  4. Како да убиеш лав од далеку?
  5. Како да се разведеш, а сопругата да не се налути?

    Во соработка со: Gostivarpress.mk

 

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ
------- Донации -----------------------------------------------------------------------------BTC : 32CyCcnLh1wnLp5LqTm72BrWTsonxYtu7n --------------------------------------ETH: 0x5EB1a3010c339F794c2DA50Fd215Afc6B76334EA ----------------------------