„Hyperloop“ е концептуален транспортен систем со голема брзина, предложен од Илон Маск, директорот на „SpaceX“ и „Tesla Motors“, кој вклучува цевки со низок притисок поставени на потпори високо над земјата, низ кои патниците и товарот ќе се движат со максимална брзина од преку 1.000 км. на час, сместени во капсули кои ќе бидат придвижувани од линеарни мотори и компресори на воздух. Уште од 2015 година се развива дизајнот на капсулите, како и на тест-патеките, а изградбата на прототипот е закажана за оваа година.
Но, постојат големи пречки за остварувањето на оваа идеја. Како прво, не се знае дали луѓето воопшто ќе сакаат да влезат во вакуум цевка и со огромна брзина да бидат пренесени од едно до друго место, бидејќи сето тоа не звучи баш удобно. Но, најголемата пречка се разбира се финансиските средства кои се потребни за да се изгради. „Hyperloop Technologies“ веќе има обезбедено 37 милиони долари, но се проценува дека само првичната патека што е предложена од Лос Анџелес до Сан Франциско би чинела околу 8 милијарди.