„Hyperloop One“ ги откри своите планови за изградба на првиот „Hyperloop“ транспортен систем

Следејќи ја футуристичката визија на Илон Маск, американската старт-ап компанија„Hyperloop One“ објави дека планира да го изгради првиот „Hyperloop“ систем во Обединетите Арапски Емирати.

За рутата помеѓу Дубаи и Абу Даби, која е долга 159 километри, потребни се речиси 2 часа со автомобил, но според инженерите на „Hyperloop One“, со помош на овој транспортен систем тој пат ќе се поминува за само 12 минути, со максимална брзина од 1.220 км/час.

„Hyperloop One“ вели дека овој транспортен систем би можел да биде готов уште во 2020 година, но сепак има голем број пречки кои треба да се надминат пред да стане реалност. Тестирањата во САД се’ уште траат, и се’ уште има многу работи кои треба да се завршат пред да започне изградбата во Обединетите Арапски Емирати.

Во текот на следните 12 недели ќе се одвива физибилити студијата, која ќе вклучува дизајнери, архитекти и консултанти за транспорт, кои ќе испитуваат каде и како ќе може да се изгради „Hyperloop“ системот кој ќе ги поврзува Дубаи и Абу Даби.

Додека овој проект очигледно е на својот почеток, ние имаме прилично добра претстава за тоа како би изгледал овој транспортен систем, благодарение на видеото кое „Hyperloop One“ го објави оваа недела. Погледнете!

https://www.youtube.com/watch?v=fze5spdN3nU

Поддржете ја нашата работа: