Имаат ли астрономите веќе доказ за постоење на мултиуниверзум?

round universal worlds flying in vacuum ...

Помислете на момент дека ова не е единствениот универзум, туку постои бескраен број на паралелни универзуми кои содржат бескрајни верзии на луѓе. Така во еден универзум можете да бидете претседател на САД, а во друг направени од желатин.

Тоа е теорија на мултиуниверзум, а новата студија открива дека таинствената студена точка во универзумот може да докаже дека нашиот универзум е само еден од бескрајната низа на реалноста.

Научниците веќе со години ги збунува Студената точка, која е со големина од некои 1,8 милијарди светлосни години. Мерењата на позадинско зрачење покажале дека точката е постудена од околниот простор за околу 0.00015°C.

Првата претпоставка била дека причината за пониска температура е тоа што таа област е посиромашна со галаксии во однос на друга област од универзумот, но новото истражување покажало дека не постои никаква гигантска суперпразнина, што значи дека Студената точка не може да се објасни со недостаток на материјал.

Тоа ја отвори вратата на новите егзотични објаснувања за потеклото на Студената точка, од кои едното е дека станува збор за докази за постоење на мултиуниверзум.

“Не можеме целосно да ја отфрлиме можноста дека таа точка предизвикала некаква флуктуација која може да ја објасни стандардниот модел на физички честички, но ако тоа не е одговор, тогаш мора да постојат некои егзотични објаснувања, а можеби највозбудливо од нив е тоа дека Студената точка настанала како последица на судер помеѓу нашиот и уште еден универзум. Ако понатамошните детални анализи покажат точност, тогаш оваа точка е прв доказ за постоење на мултиуниверзум.” вели ко-авторот на студијата Том Шенк, астролог од Универзитетот Дурам.

Ако е така, тогаш нашиот универзум содржи безброј паралелни универзуми кои заедно содржат безброј вистини.

Студената точка настанала уште кога се формирал универзумот, пред повеќе од 13 милијарди години. Прв ја забележал сателитот на НАСА WMAP во 2004та година, а подоцна тоа го потврдила и мисијата на НАСА Planck.

Наместо една голема суперпразнина, новата студија наведува дека галаксиите се собираат во точката во кластери околу помали празнини кои се шират по целата област како меурчиња. Сепак тие кластери не можат да ја објаснат ниската температура во внатрешноста на точката.

Истражувањето покажало дека веројатноста дека Студената точка настанала случајно е 2 проценти, што значи дека постоел мултиуниверзум или не, има уште многу истражувања кои треба да се спроведат за овој мистериозен агол на универзумот.

 

Поддржете ја нашата работа: