Имате кафени очи, а сакате сини? Лесно ќе направите промена

Доколку посакате да имате нова боја на вашите очи, повеќе нема да мора да носите контактни леќи. Сето тоа може да се направи со еден ласерски третман. Медицинската институција „Строма“ од Калифорнија уште во 2016 година развила процедура при која кафените очи ги претвора во сини.

Грег Хомер, кој е на чело на управниот одбор на институцијата „Строма“, нагласува дека секое кафено око има сина подлога. Едниствената разлика е во тоа што кафеното око има тенок слок на пигмент кој ја прикрива сината зеница.

Оваа процедура се изведува со нежно отстранување на кафениот пигмент со воден ласер и слаба енергија. Ласерот поминува низ рожницата на окото, и селективно го апсорбира темниот пигмент.

Тоа е безболна процедура и нема потреба од закрепнување. Пациентот веднаш потоа може да вози и работи. Со постапката од 30 секунди веднаш добивате сини очи. Оваа техника и денес сè уште се тестира.

Лекарите сеуште сакаат целосно да бидат сигурни дека процедурата е целосно безбедна пред да почнат да ги третираат пациентите кои се решиле да ја променат бојата на очите.

Операцијата ќе чини 5000 долари и ќе биде безболна. Доколку сè е според планот на лекарите, во чест на нивната институција и самиот пронајдок, операцијата за промена на бојата од очите ќе ја наречат “Строма“.