Индија го претстави првиот аеродром со 100% соларна енергија

Со овој потег се очекува да се заштедат 300.000 тони емисии на јаглерод во текот на следните 25 години.

Од мај 2016 година, на аеродромот ќе се активираат 46.150 соларни панели поставени низ 45 акри во близина на карго комплексот и не само што ќе се даде придонес за животната средина еквивалентен на 3 милиони дрва, туку и ќе се произведе енергија еквивалентна на потрошувачката во 10.000 домови секоја година.

„Сега, аеродромот ќе има 50.000 до 60.000 единици на електрична енергија дневно за напојување на сите оперативни функции. Тој е апсолутно енергетски неутрален”, се вели во соопштението за печатот.

Аеродромот, кој е четврт по големина во земјата во однос на меѓународниот сообраќај, планира да го продаде вишокот соларна енергија на електричнот одбор на локалната држава Керала и да купи нешта кои се потребни за облачни денови или ноќе. Исто така, на неодамнешната прес-конференција најавија дека се во потрага по други обновливи извори на енергија, особено хидроенергија.

„Ние сме, исто така, во потрага по можности за генерирање на електрична енергија преку соларни панели базирани на браните, и хидро проекти, со користење на природните ресурси на Керала”, изјави официјален претставник.

Индија веќе има 4 гигавати соларен капацитет и со користење на Кочин како пример, индиската влада ги поттикнува другите локални аеродроми сериозно да разгледаат начини за вклучување на сончевата енергија во нивното работење.

 

Поддржете ја нашата работа: