Интересни факти за косата

1. Косата главно се состои од кератин, истиот протеин од кој се составени роговите, копитата, канџите, пердувите и клуновите кај животните.
2. Кога е мокро, здравото влакно може да се истегне уште дополнителни 30% од оригиналната должина.
3. Косата расте малку побрзо кога времето е потопло, бидејќи топлината ја стимулира циркулацијата и го поттикнува растот на косата.
4. Целата коса е мртва, со исклучок на косата што се наоѓа внатре во епидермисот на скалпот.
5. Косата содржи информации за се што некогаш се наоѓало во нашиот крвоток, вклучувајќи ги лековите и е еден од најчесто користените форензички докази.
6. Единствено нешто што не може да се одреди преку косата е полот – и машката и женската коса имаат идентична структура.
7. Најчеста боја на косата е црна .Црвената е најретка и ја има само кај околу 1 процент од светската популација, додека русата ја има кај 2 проценти од населението.
8. Штом едно влакно ќе испадне од фоликулот, почнува да расте ново.
9. Косата има околу 50% јаглерод, 21% кислород, 17% азот, 6% водород и 5% сулфур.
10. Влакната може да растат на сите делови од телото, освен на дланките, табаните, очните капаци, усните и лигавицата.
11. Кога ќе се накострешите од студ или страв – тоа е резултат на контракција на фоликулите од влакната, што предизвикува влакната и околната кожа да се испакнат.
12. Просечниот број на влакна во косата варира во зависност од природната боја. Најмногу има кај русокосите, а најмалку кај црвенокосите.
13. Стручен назив за „расцветани краеви“ е “trichoptilosis”.
14. Покрај коскената срцевина, косата е најбрзо растечкото ткиво во телото.
15. Келавоста почнува да станува видлива ако изгубите над 50% од косата на главата.
16. Во било кое дадено време, 90% од косата расте, додека 10% се одмара.
17. Животниот век на косата е околу пет години.
18. Косата служи како слој за термичка изолација на главата, бидејќи нема изолација од масно ткиво како останатите делови од телото.
19. Осумдесет проценти од Американците ја мијат косата два пати на ден.
20. Секое влакно од косата може да издржи тежина од 100 грама. Ако се помножи тоа со просечно 100 000 до 150 000 влакна од косата на главата, тоа значи дека севкупната коса од главата може да издржи тежина еквивалентна на два слона.

Поддржете ја нашата работа: