Исечената човечка коса може да помогне во зачувувањето од еколошките катастрои, како дамките од нафта, велат новите истражувања од Австралија. Звучи чудно, но тоа може да значи дека користиме ефтин и природен начин за чистење на нафтата, наместо синтетички и скапи производи кои моментално се користат.
“Постојат многу различни материјали кои се користат при чистење на загадувањето, многу синтетички производи, особено нешта кои се изработени од полипропилен и други видови пластични полимери. Не толку одамна постоеше големо медиумско внимание околу загадувањето на водите и дали некои средства прават повеќе штета одошто добро”, вели Ребека Пагнучо од UTS Sydney.
Иако долгата коса е ценета за изработка на перики, често пронајдените врвови од коса на подот во фризерски салон е отпаден материјал. Пагнучо и нејзиниот ментор Меган Филипс сметаат дека ваквиот отпат може да биде корисен за чистење на нафта поради својствата на самата коса. Косата станува мрсна – маснотијата воглавно е заглавена на нејзините влакната, а слично ќе се држи и кај другите масла, како што е суровата нафта.
Постои глобален поттик за користење на други природни производи за чистење на нафтени дамки, но опциите не се големи, бидејќи памукот и волната на пример се одлични кандидати, но тие исто така се многу ценети во текстилната индустрија. Наспроти тоа, нешто како исечена коса нема никаква вредност. Исто така постои мислење дека исечената коса може одново да се употребува неколку пати.
Употребата на коса како природно средство за чистење, поради нејзините карактеристики не е новитет. Идејата е родена во 1989та година, кога Фил Mек Крори по несреќата на Алјаска, косата помогнала за чистење откако ја собрал од локалните фризери во Pantyhose. Слична ситуација, се повторува во 2007ма година во Сан Франциско кога луѓето по излевање на нафта реагирале со донесување на простирка направена од човечка коса.