Зошто пониските мажи ја губат косата на рана возраст?

Со губење на косата се среќаваат речиси 50 % од мажите после педесеттата година од животот, а ниските мажи можат да имаат зголемен ризик да станат ќелави предвреме. Меѓународната генетска студија, предводена од Универзитетот во Бон во моментов најмногу е референцирана во оваа насока.

Во текот на студијата, научниците испитувале генетски материјал на повеќе од 20.000 лица. Нивните податоци покажуваат дека предвременото опаѓање на косата е поврзано со бројни различни карактеристики и болести.

Веќе одамна е познато дека мажите кај кои се јавува предвремено опаѓање на косата често патат од срцеви болести и рак на простатата. Новите генетички податоци потрдуваат сомнеж дека постојат линкови до други особини и болести. Во наведената студија истражувачите анализирале генетски податоци на околу 11 илјади мажи во предвремена желавост. Отприлика исто колку лица кои не патат од губење на коса служеле како контролна група. Учесниците доажале од седум различни земји.

“Ние сме во можност да идентификуваме 63 промени во човечкиот геном кој го зголемува ризикот од предвремено опаѓање на косата. Некои од овие промени, исто така, се споредуваат со други состојби и болести, како што се помала висина, ран пубертет и разни видови на рак”, објаснува д-р Стефани Хеинбах, генетичар од Универзитетот во Бон и еден од водечките автори а меѓународните студии.

Генетските наоди исто така ја потврдуваат врската помеѓу губитокот на коса и зголемениот ризик од рак на простатата. Врските со болестите на срце се многу сложени. Гените кои го намалуваат ризикот се пронајдени покрај гените кои го зголемуваат истиот.

“Ние, исто така, откривме поврзаност на светлата кожа со зголемување на густината на коските”, објаснува професорот Маркус Норт, директор на Институтот за хумана генетика на Универзитетот во Бон. “Ова може да значи дека на мажите кои страдаат од губење на косата може да им биде од корист сончева светлина за синтетизирање на витамин Д. Тоа би можело да објасни зошто белците особено рано ја губат косата.” додава тој.

Покрај тоа, студијата нуди нов увид во биолошките причини за губење на косата со идентификација на гени кои се вклучени во процесот. Имунолошките и масни клетки во кожата на главата очигледно се вклучени исто така. Научниците велат дека засега нема многу причини за загриженост, бидејќи ризиците од разни заболувања се мали.

Поддржете ја нашата работа: