Со цел да се подобри квалитетот на спермата, многу клиники препорачуваат едноставни промени во начинот на живеење, односно зголемување на телесните активности, терапија за когнитивно однесување, јога за олеснување на стресот, редуцирање на алкохолот и кофеинот.
Сеуште нема експлицитни научни докази за улогата на исхраната во одредување на параметрите на спермата. Научниците за прв пат направиле систематски преглед на сите релевантни опсервациски студии за квалитетот на спермата и машката плодност во однос на исхраната.
Резултатите покажуваат дека лошиот квалитет на спермата е инверзна на здравата исхрана која е богата со одредени хранливи состојки како омега 3 масните киселини, антиоксиданси како витамин Е, витамин Ц, бета каротен, селен, цинк, криптоксантин и ликопен, и други витамини како витамин Д и фолна киселина со ниско ниво на зачестеност на транс масти.
Морската храна, пилешкото, житарките, зеленчукот и овошјето, исхрана со помалку масти и обрано млеко се поврзани со добриот квалитет на спермата. Исхраната која содржи претежно процесирано месо, соја, компир, полномасно млеко и млечни производи, кафе, алкохол, засладени пијалоци и слатки го намалуваат квалитетот на спермата.
Земањето алкохол, кофеин, и црвено месо кај мажите додатно ја намалува шансата за партнерката да остане бремена. Овие резултати ги нагласуваат фактите дека здравата исхрана, а најдобро медитеранската, може значително да го подобри квалитетот на спермата, пишува Knowridge.