Истата ракета на „Blue Origin“ ја достигна вселената и се врати на Земјата по трет пат!

Во саботата (2 април 2016), приватната вселенска компанија „Blue Origin“ по трет пат ја лансираше ракетата „New Shepard“ со капсулата и успешно ја врати назад на Земјата. Овој потфат е предвесник за намалувањето на трошоците на вселенските летови преку ракети кои може повеќекратно да се користат.

До неодамна, компанијата „Blue Origin“, што ја поседува сопственикот на Амазон, Џеф Безос, работеше во тајност, но после успешните лансирања почна да се отвора за јавноста.

Видеото што беше објавено вчера го прикажува лансирањето на ракетата „New Shepard“ од приватната локација за лансирање на компанијата што се наоѓа во западен Тексас. Ракетета достигнува височина од 103 километри – нешто над конвенционално дефинираната граница на вселената.

Кратко после тоа, капсулата се одвојува од засилувачот и се враќа на Земјата безбедно забавена со помош на падобрани.

Во меѓувреме, ракетата забрзано се враќа на Земјата, а моторите се рестартираат на само еден километар од тлото.

Понатамошните планови на „Blue Origin“ се да носи туристи во вселената кои сакаат да ја видат Земјата одозгора и истражувачи кои сакаат да ја проучуваат микрогравитацијата.

Поддржете ја нашата работа: