Погледнете ја оваа неверојатна снимка на која се гледа „изгревањето“ на Земјата, гледано од Месечината. И нашата планета изгледа како срп, исто како и младата Месечина, само многу поубаво.
Ова видео е едно од првите снимки направени во висока резолуција што досега се направени од Месечината. Направена е од јапонското вселенско летало „Кагија“, во 2008 година, со помош на два „HDTV“ сензори од 2,2 мегапиксели.
Помеѓу 2007 и 2009 година, јапонската вселенска агенција „ЈАХА“ имаше три сонди кои орбитираа околу Месечината, како дел од мисијата „SELENE“ (Selenological and Engineering Explorer), а „Кагија“ беше задолжена сето тоа да го сними, како подвижно визуелно наследство од нашето време на осамениот сателит на Земјата.
Снимката дури сега е објавена во јавност, а астрономот Бил Данфорд во блогот на „Planetary Society“ објаснува дека толку долго останала во тајност заради несовршеностите што ги содржи (бидејќи се забележува отсјајот од леќите). Но, тоа ја прави само уште повеќе реална.
Но, за да добиете перфектен поглед на Земјата, „ЈАХА“ ги објави сите снимки и слики, кои може да ги видите подолу.