Доколку јадете јајца за појадок, ќе го намалите ризикот од деменција, тврди новата студија. Претходните студии тврдат дека јајцата го зголемуваат ризикот од срцев удар и висок крвен притисок, а се говореше и за зголемување на ризик од Алцхајмерова болест кај возрасните, но научниците сега велат дека јајцата само го повишуваат холестеролот, додека луѓето кои ги конзумираат има помага за подобра концентрација.
Во текот на период од 22 години, научниците ја проучувале исхраната кај 2500 мажи на околу 40 до 60 годишна возраст кои немале никаква дијагноза за пореметување на мозокот. За тој период само 337 од нив развиле невролошки болести и повеќето од нив страдале од Алцхајмерова болест. Една третина од заболените го носеле генот APOE4, познат ризичен фактор за развој на деменција и кардиоваскуларни болести.
Авторот на студијата, финскиот професор Жирки Фиртанен, јајцата и холестеролот немаат никаква врска со деменцијата. Покрај тоа вели дека потрошувачката на јајца покажала подобри показатели на испитаните кај невро-психолошките тестови на фронталниот лобус на мозокот.
Конзумирањето на само едно јајце дневно го намалува ризикот од мозочен удар за 12 проценти, пренесува Daily Mail.
Едно големо јајце содржи 6 грама висококвалитетен протеин и антиоксиданти лутеин и зеаксантин кои се наоѓаат во жолчката. Јајцата се богати и на витамините Е, А и D. Витаминот Е го намалува ризикот од срцев удар кај луѓето со кардиоваскуларни болести, а лутеинот им помага на артериите да се заштитат од опструкција.