Јапонија ќе ја освојува Mесечината

Минатата година, Кина успешно ја комплетира својата мисија на Месечината со што стана третата земја која ја освои. Сега, Јапонија планира да биде четвртата нација која ќе остави свој белег на Месечината со тоа што ќе испрати своја роботска сонда во 2018-2019 година.

Ова нема да биде првиот јапонски сателит во вселената. Сондата „Hayabusa“ во 2005 година слета на астероидот познат како „25143 Itokawa“ за да земе примероци, а сега е проследен со „Hayabusa 2“.

За тоа е одговорна Јапонската воздухопловна истражувачка агенција (JAXA). Таа, заедно со Европската вселенска агенција е исто така одговорна и за мисијата „BepiColombo“ до Меркур која е закажана за 2017 година. Но, поради долгиот пат, веројатно мисијата на Месечината ќе ја достигне својата дестинација пред „BepiColombo“, дури и ако се лансира неколку години подоцна.

Претходниците на „JAXA“ и претходно испратиле јапонски сателити на Месечината – „SELENE/Kaguya“ кој по 18 месеци во орбитата неуспешно слетал на Месечината, но целата мисија повеќе наликувала на намерна несреќа, наместо на истражувачка програма. Пред три години беше најавена „SELENE 2“, но се’ уште нема никакви дополнителни податоци. Последната најава е за сондата наречена „SLIM“ (Smart Lander for Investigating Moon).

Буџетот се’ уште не е финализиран, а деталите не се очекуваат во наредните неколку месеци. Во меѓувреме, има различни проценки кои варираат од 126 милиони до 12 милијарди долари.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt