Jaпонска сонда забележа невидена појава на Венера

Сондата Акатсуки користела инфрацрвени и ултравиолетови камери за да ги сними фотографиите од огромниот бран на 65 километри над површината на Венера во густите облаци од сулфурна киселина кои ја покриваат планетата.

Брановите предизвикани од притисоци на планетарната атмосфера беа едни од најголемите некогаш видени во Сончевиот систем, кој се протегаат на повеќе од 10.000 километри.

Јапонското вселенско летало кое кружи околу Венера, ги испрати дома сликите од еден од најголемите бранови некогаш забележани во Сончевиот систем.

Сондата Акатсуки направила фотографии од џиновскиот бран во надворешните облаци каде цели четири дена бил активен во декември 2015 година.

Камерите на вселенското летало го снимиле бранот предизвикан од притисок во атмосферата кој се протега на повеќе од 10.000 километри од северниот поларен регион, низ екваторот, до јужниот пол на планетата.

Научниците од Јапонската вселенска агенција веруваат дека површинските ветрови произвеле масивни стационарни бранови на Венера кога удриле во 4500 метри високиот планинскиот венец Афродита Тера, во близина на екваторот на планетата.

 

Поддржете ја нашата работа: