Јапонците го срушија светскиот рекорд за најбрз воз

Според соопштението на Јапонската железничка компанија „JR Tokai“, рекордот од 590 километри на час е постигнат на тест полигонот со должина од 18 километри, а патувањето траело 19 секунди.

На истиот овој полигон во Декември 2003 година беше поставен претходниот светски рекорд кој изнесуваше 581 километар на час.

Од компанијата „JR Tokai“ тврдат дека ова не е максималниот лимит што овој воз може да го постигне и најавуваат наскоро пробивање на бариерата од 600 километри на час.

Јапонците развиваат Маглев технологија уште од почетокот на седумдесетите години на предходниот век, но дури во 2011 година донесоа одлука за модернизација на железниците и преоѓање на оваа технологија. Се предвидува дека до 2027 година ќе биде комлетирана линија со должина од 286 километри која ќе ги поврзува градовите Токио и Нагоја и дека патувањето ќе трае 40 минути што е за двапати пократко време од сегашното 1 час и 18 минути со Јапонските брзи возови Шинкансен

Поддржете ја нашата работа: