Јапонците се сериозни: Такси возила без таксисти до 2020

Ова е проект на корпорацијата „DeNa“, која се занимава со продажба на мрежни компјутерски игри.
За целите на овој револуционерен почеток, корпорацијата го формирала претпријатието „Робот-Такси“, во партнерство со голем број на компании од сферата на информатичките технологии.

Роботските возила се наменети првенствено за употреба во покраината, каде што поради одливот на населението во големите градови, е тешко да се најде доволен број на возачи. Се очекува дека секој ќе биде во можност да користи апликација на смарт телефоните за контрола на нивната позиција и информации за дестинацијата. Тие ќе бидат вградени во такси-роботот. Надоместокот за патување, исто така, ќе биде автоматски наплатен од сметката на клиентот.

Автомобилите-роботи во моментов активно се развиваат од водечките компании во индустријата – меѓу нив и Јапонските „Нисан моторс“. Се очекува првите модели на таквите автомобили да се појават на пазарот во текот на следните години.

Корпорацијата „DeNA“ верува дека за такси-возилата ќе има голема побарувачка. Сепак, има многу тешкотии за остварување на сонот: поради проблемите од техничка природа, во прилог на компанијата е да се воспостави успешен дијалог со членовите на јапонскиот парламент. Како и секаде на друго место во светот, земјата сé уште нема законски одредби со кои ќе се регулира употребата на возила и јасна определба на обемот на одговорноста за инцидентите.

Кога веќе зборуваме за промени во такси превозот, неминовно е да ги споменеме и пофалиме и македонските софтверски компании и нивните апликации кои полека но сигурно стануваат се попопуларни низ целата Македонија.

Едно од посериозните софтерски решенија со целосна поддршка и се поголем број корисници е апликацијата Клакси чии креатори сериозно ја имаат сватено работата и покрај техничките можности што ги нуди апликацијата вложуваат во сериозни маркетинг кампањи со цел што поголем број корисници и такси оператори земат учество и го направат поврзувањето на патниците и такси возачите вистинско уживање без разлика во кој дел на републиката се наоѓате.

Во секое време и од секоја локација, само со еден клик сега можете да нарачате такси и да ја одберете понудата која вам ви одговара.

Можете да ги споредувате понудите според време, цена и препораки од останатите корисници,а и не морате да се расправате со диспечерката која има лош ден.

Клакси е достапна за Андроид мобилни уреди, а наскоро и за IОЅ. Можете да ја симнете на следниот линк.

Со оглед дека нашите програмери ги следат светските трендови, повеќе од веројатно е дека кога наскоро ќе се појави нешто слично на јапонските роботски таксиња на македонските улици барем софтверски ќе бидеме спремни да нарачаме такси, било да е тоа робот или човек.

Поддржете ја нашата работа: